Лидерите на сириските Курди сакаат да склучат политички договори со сириската влада на претседателот Башар ал-Асад со посредство на Русија, независно од најавеното американско повлекување од регионот, изјави во петокот висок курдски функционер.
Курдската управа којашто владее со добар дел од сириската територија покрај границата со Турција претставила план за договор со владата на претседателот Башар ал-Асад на неодамнешните состаноци со Русија и го очекува рускиот одговор, рекол Бадран Џиа Курд, кој присуствувал на овие состаноци, пишува Reuters.
Доколку ваков договор биде постигнат, тоа повторно би ги поврзало двата најголеми дела на земјата раздвоена со војната којашто започна во март 2011 година, а само еден агол од северозападна Сирија би останал во рацете на бунтовниците кои ги поддржува Турција.
Курдите сакаа да се осигураат од Турција, којашто им се закануваат со инвазија, бидејќи силите на сириските Курди познати како Единици за заштита на народот (YPG), која ги смета за закана по сопствената национална земја. Анкара YPG ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која четири децении води оружен бунт против турската држава. Турција веќе двапати изврши инвазии во Србија за да ги потиснат курдско-арапските сили кои ги поддржаваат САД, но одбегна директен напад во курдските области на североистокот каде што дејствуваат американските сили.
Американскиот претседател Доналд Трамп не прецизираше во кој рок американските војници ќе се повлечат од Сирија, во средата рече дека тоа ќе оди бавно „во извесен период“. Рече, исто така дека САД сакаат да ги заштитат Курдите, кои одиграле клучна улога во борбата против Исламската држава.
За да се пополни очекуваниот вакуум, Курдите сакаат Русија да помогне во осигурувањето на распоредувањето на сириската армија на северната гранца. Тоа е дел од пошироките напори да се постигне договор со Дамаск за исто така да ја заштите нивната регионална автономија. Според Џиа Курд, Русија се согласила да посредува.
„Конечната одлука е да се постигне договор со Дамаск, ќе работиме во таа цел без оглед на цената, дури и доколку Американците се спротистават“, истакнал Џиа Курд.
Дамаск и YPG главно ги избегнуваат меѓусебните судири во текот на војната. Дури, во некои случаи имаа заеднички операции против заедничките непријатели. Минатата година започнаа политичките преговори во Дамаск, но тие беа прекинати без напредок. Главните цели на курдскиот план се заштита на границата со Турција, интеграцијата на владејачките структури во северна Сирија во уставот и праведна дистрибуција на природните ресурси во северна и во источна Сирија.
„Топката е на страната на Русија и Дамаск“, вели Џиа Курд.
Сирискиот министер за надворешни работи неодамна рече дека федералното уредување на Сирија е неприфатливо. Асад сака да го поврати авторитетот над целата земја. Курдите во своие раце имаат големи адутуи, контролата над браните на Еуфрат, нафтени полиња и другите ресурси.