Сириските владини сили повторно го зазедоа градот Саракиб

Сириската војска повторно го зазеде градот Саракиб во провинцијата Идлиб, на северозадот од земјата,  јави весникот „Ал Ватан“.

Според наводи на весникот, владините сили го презеле градот од „терористичката група Џабат ал-Нусра и единиците кои ја поддржувааат“.

Идлиб е една од последните преостанти територии кои во Сирија ги држат бунтовниците, а кои ја имаат подршката од Турција.