
Сириските војски заземале дел од териториите коишто досега ги контролираа бунтовниците на југозападот од земјата, известуваат сириските државни медиуми во вторникот, а станува збор за првото големо напредување на владините сили во офанзивата покрај јорданската граница поради што во други области во Сирија се преместини десетици илјади луѓе.
Во меѓувреме два израелски проектили во текот на ноќта кон вторникот ја погодиле областа крај аеродромот во Дамаск, објави службената новинска агенција SANA како и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон.
Портапролот на израелската војска одбил за AFP да ги коментира овие извештаи. Агенцијата SANA, пак, објави дека нападите со проектили претставувале поддршка на Израел за сириските сунитски бунтовници на југозападот од Сирија. Владата во Дамаск и претходно предупредуваше дека Израел, како и меѓународната коалиција предводена од САД, изведува ракетирања и воздушни напади врз позиции на сириската армија кога таа бележи успеси против бунтовниците, вклучително и сунитските џихадистички организации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.
Сириските југозападни региони се стратешки чувствително подрачје поради близината на границата со Јордан, како и Голанската висорамнина којашто е под израелска окупација. Сириските и медиумите кои ги контролира либанското шиитско движее Хезболах кое е сојузник на владата во Дамаск, соопштија дека сириската војска ја преземала контролата над градот Бусра ал-Харир, на работ од областа Лаџ и оти натаму наредува на југ.