
Алексис Ципрас, лидер на радикалната грчка левица СИРИЗА, главната опозициска партија во земјата, побара во неделата „предвремени избори”. СИРИЗА е непоколеблив противник на политиката на штедење на владата на конзервативецот Андонис Самарас, пишува АФП.
– Само Влада со нов мандат ќе биде во можност да преговара на европско ниво” за јавните финансии и “еве зошто треба да се предизвикаат избори”, рече Алексис Ципрас, за време на прес-конференција во Солун по повод Меѓународниот саем, кој секоја година алармира за враќањето (крајот на распустот) на политиката и бизнисот.
Тој ја критикуваше сегашната коалициска влада на десницата и социјалистите, предводена од Андонис Самарас, чиј мандат истекува во јуни 2016 година, дека досега “остава тројката претставници на кредиторите ЕУ, ЕЦБ и ММФ, да одлучува за Грција”.
СИРИЗА бара распуштање на парламентот во март земајќи во предност претседателските избори. За да биде избран шеф на државата, тој мора според грчкиот устав да добие квалификувано парламентарно мнозинство од 180 пратеници од 300, а сегашната влада има само 153.