Сириза му изгласа недоверба на лидерот Стефанос Каселакис само една година откако дојде на оваа функција

Περιοδεία του Προέδρου του ΣΥΡΙΖΑ - Προοδευτική Συμμαχία Στέφανου Κασσελάκη στην Ηλιούπολη Πέμπτη 16 Μαΐου 2024 (ΓΙΩΡΓΟΣ ΚΟΝΤΑΡΙΝΗΣ/EUROKINISSI)

Грчката опозициска партија Сириза му изгласа недоверба на својот лидер Стефанос Каселакис само една година откако дојде на оваа функција. Членовите го обвинија Каселакис дека бил авторитарен и дека се оддалечил од идеологијата на партијата.

Во партијата долго време владееше незадоволство од Каселакис, кој кога беше избран во септември минатата година се сметаше за нејзиниот харизматичен спасител. Каселакис ги опиша резултатите од гласањето како ослободувачки.

„Сега луѓето знаат како се чувствував цензурирано откако бев избран“, рече 36-годишниот Каселакис, кој има и американско државјанство.

Тој беше практички непознат во земјата кога победи на изборите за нов лидер на Сириза, заменувајќи го Алексис Ципрас, кој поднесе оставка по два лоши изборни резултата. Сепак, Каселакис од самиот старт наиде на отпор кај членовите на партијата, кои го исмеваа за претераното користење на социјалните мрежи и го споредуваа со Доналд Трамп. Поради честите лични борби, дел од ветераните лани излегоа од Сириза и формираа нова партија.