Откако пред извесен период имаше проблеми со полицијата, кога заврши во затвор поради уцени кон неговиот поранешен соиграч Матје Валбуена, Сисе ја соопшти својата одлука во емисија во живо на телевизијата Канал Плус, а не можеше ни да ги задржи солзите.
Причина за одлуката да ја заврши кариерата е лошата состојба на неговото тело и фактот што веќе в јануари има закажано сериозна операција на колкот.
Морате да го слушате своето тело. Да, готово е, сега не можам да тренирам на највисоко ниво поради проблеми на ногата, рече, меѓу другото, Сисе.
Оценките за неговиот квалитет и кариерата што ја помина се доста различни, од епитети за еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, до несериозен дилетант кој дозволи приватниот живот да му ги уништи професионалните успеси.
Играше за Краснодар, Бастија, Панатинаикос, КПР, но и за Марсеј, Лацио и Ливерпул.
Веројатно најголем проблем во кариерата му направи тешката повреда што ја доживеа во пријателскиот дуел на Франција против Кина во пресрет на Мундијалот во 2006 година кога еден противнички фудбалер му ја скрши ногата. Поради тоа, не настапи во Германија, а никогаш подоцна не успеа да ја врати старата форма.