Прелиминарните резултати од претседателските избори во Египет покажуваат дека египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси води во претседателската трка со 21,5 милиони гласови, пренесува државниот весник „Екбер ел Јум“.
Во Египет се очекува дека Сиси ќе го победи против-кандидатот Мусу Мустафа Мусу, кој, според весникот, освоил само 721.000 гласови. Околу 60 милиони ќители на Египет имаат право на глас на изборите.