Системот продуцира корупција, потребна е сериозна имплементација на законите

Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите.

Ова е заедничкиот заклучок на Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кои денеска се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

По извршената анализа, во рамки на проектот, на 19 закони и два подзаконски акти, при што се утврдени 46 ранливи точки на кои треба да се интервенира, но и од досегашнто работење на ДСКС, Софка Пејовска – Дојчиновска е децидна дека нема дилема оти системот продуцира корупција, постои правна несигурност, а еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања на носителите на јавни функции пред се за вработувањата. Сите извештаи, потенцира таа, говорат дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата.

Или еднаш ќе се одважиме да бидеме сериозни во имплементацијата или немаме алтернатива. Тоа е основното. Од толку предмети кои ги добивме од почетокот на нашето работење до денес, само се потврди дека тоа се слабостите кои се констатирани, изјави Пејовска – Дојчиновска од ДКСК и најави дека ќе се бара од државата да ги анулира слабостите.

Укажа дека со Националната стратегија за борба против корупцијата, што се подготвува, меѓу другото ќе се бара ограничен број измени на систематизација на работни места, елименирање на вработувања преку приватни Агенции за вработување, определеното време на вработување… како „дупки“ кои се користени во огромни количините во изминатите години.

На новинарско прашање колку предмети Антикорупција има отворено за непотизам и по колку од нив постапува Јавното обвинителство, Пејовска – Дојчиновска посочи дека се околу 40 – тина, но нема точен број по колку постапува ЈО.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавените предвремени парламентарни избори, таа истакна дека ДКСК е подготвена да се соочи со предизвиците.

Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп порача кога бродот почнува да тоне треба да ја испумпате водата доколку влегува и да најдете каде има пукнатини и да ги затворите. Имате навистина добар брод, но мора да му овозможите да се движи побрзо и да успее.

Потребни се уште напори со цел да се превентира политизирањето на јавната служба и јавниот сектор. Освен на превенирање на пропаѓање на бродот Антикорупцијата има за цел да го направи општеството подобро место за живеење. Непотизмот и кронизмот во јавната админситрација само го успоруваат напредокот на јавните служби, но имаат и економски реперкусии, рече амбасадорот Дирк Јан Коп.

Според него,  Македонија треба да погледне во сенката на проблемите или на оние проблеми кои се скриени.

Во Грузија лично видов како тоа беше направено. Во сите градови имаше насекаде отворени места и кога доаѓате да извадите какви било документи, сите можат да се видат меѓусебе. Значи луѓето можат да ги видат јавните службеници и обратно. Ништо не се прави зад мали, скриени прозорчиња, туку се се прави на транспарентен начин, што помага да се намали корупцијата, но помага да се поврти и довербата на луѓето во јавната служба, рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Извор: МИА