Најдобрите практики на „Систина Офталмологија“, во услови на ковид-19 се потврдени и во експертска студија, заедно со други студии направени на Универзитетот Стенфорд и Meцинската школа на Јејл, здравствените системи Џон Хопкинс, Њу Јорк Универзитетот и Бостонската болница. Практиките се објавени деновиве, во специјално издание на реномираниот Patient Experience Journal – информираа денеска од Специјализираната очна болница „Систина Офталмологија“.
„Преку четири модели што сoдржат промени во организациската структура, грижа за вработените, комуникација со пациентите и социјална одговорност, нашата болница успеа да обезбеди позитивни искуства за своите пациени. Во фокусот на нашето работење го ставивме човекот и неговите искуствa. Наша цел е да одиме подалеку од одличните медицински резултати и на секој пациент му приоѓаме индивидуално, со решение адекватно само за него. На тој начин пациентите се чувствуваат подобро“ – вели Др. Весна Чадо, Систина Офталмологија, Patient Experience Expert.
Структурните промени во болницата беа спроведени навремено и брзо, уште на самиот почеток на кризата, во март преку примена на нови протоколи на комуникација и работа, согласно со препораките на Владата. Најважно беше да се заштити персоналот и пациентите да се чувствуваат безбедно. Дигиталната комуникација се покажа како најдобар и најбезбеден начин за пациентите, тие може оn line да се консултураат со докторите за сите видови на очни проблеми.
Специјализираната очна болница „Систина Офталмологија“ е првата офталмолошка установа во регионот, која нуди комплетен дијагностички и хируршки третман на сите проблеми со видот и очите. Веќе неколку години е партнер со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“ Загреб, а оваа година прослави 10 години јубилеј од своето постоење.