Сите афери на контроверзниот специјален преговарач со Бугарија, Владо Бучковски

Во пресрет на преговорите со Бугарија, македонската Влада по неуспешната заедничка конференција каде бугарската влада ни стави вето за датум за преговори, го именува професорот Владо Бучковски, за специјален преговарач со Бугарија во актуелните преговори.

Бучковски беше трет последователно променет претседател на Влада на Република Македонија и трет претседател на СДСМ по оставките на Црвенковски и Костов, и Црвенковски и Шекеринска.

Многумина кои ја следат политичката сценa во Македонија, ќе се сеќаваат на аферата „Маѓар телеком “, во таа телекомуникациска афера Бучковски ортачи со Али Ахмети и Муса Џафери, кои по исказот на екс разузнавачот Слободан Богоевски си поделиле 2.5 милиони евра мито од Димитрис Кондоминас, пари кои би требало да обезбедат на Маѓар телеком монопол на мобилниот пазар, а за кој закон и препораки кон ЕУ ги изготви Шекеринска, објави Курир.

Фазата на „исплата“, односно реализација на Протоколот, се одвива преку серија консултантски и договори за лобирање кои ги склучуваат фирмите под капата на Маѓар Телеком во Македонија со фирми на Кондоминас, најчесто „Чаптекс“. Познато е дека вкупно се исплатени околу 4,8 милиони евра, иако во повеќе преписки и документи се спомнуваат и суми од 7,5 односно 10 милиони евра.

Од консултански услуги биле исплатени близу пет милиони евра на консултанските фирми на КИПАР според документите на Американската агенција за хартии од вредност. Американските власти се сомневаа дека договорите за консултанство биле само параван за извршениот поткуп во кој се споменуваше името на Владо Бучковски.

Многу познатиот случај за „Тенковски делови“ кој според обвинението  на крајот на 2001 година, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата „МЗТ ФОП“ нарачале резервни делови за тенковите „Т-55“. Шест години подоцна Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка и во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски како министер за одбрана и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски за злоупотреба на функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.

Обвинителството и финансовата полиција го товареа поранешниот премиер Бучковски дека парите за купување резервни делови за тенковите T-55 ги префрлил на сметка на фирма која не соработувала со министерството за одбрана, и дека со Петковски сакале да присвојат околу 3 милиони евра. Бучковски дури го изгуби пратеничкиот имунитет за да може да биде приведен, но притивор немаше иако повеќе од девет часа се одвивал распитот.

Резервните делови за кои министерството ги уплатило парите, никогаш не биле вградени во тенковите.

Кривичниот суд иако го осуди Владо Бучковски на три години затворска казна за овој случај, Врховниот суд ја укина пресудата, а Бучковски никогаш не одговараше за стореното дело.

Во една друга афера за избор на претседател на Македонија, блиска со Бучковски која ја именуваше за државен секретар во министерството за одбрана, во 2004 година на денот кога претседателот Борис Трајковски го загуби животот, одобрува и реализира по налог на Бучковски кој во тоа време е министер, итно префрлање на 50 милиони денари од минисерството за одбрана на МЗТ ФОП.

Дел од медиумите тогаш овој гест на Бучковски и Несторовска го толкуваа како први пари за финасирање на кампањата на Бранко Црвенковски за претседател на Македонија.

Бучковски исто така е и човекот кој дава зелено светло за кандидирање на Зоран Заев во неговиот прв мандат како кандидат градоначалник на Струмица во 2005-та година.

Во 2003-та година Бучковски е именуван и за претседател на Правниот совет на Владата.

Тогашниот нов закон за територијална поделба предизвика многу реакции во Македонија, па по тоа во јули 2004 година во Струга  Бучковски беше жестоко нападнат од над 5.000 граѓани.

Неговата улога во Струга беше партиска, да го убеди раководството на СДСМ Струга да излезе од кризниот штаб за опстанок на општина Струга при што стружани ги нарече хулигани.

На ова народот возврати нервозно па Бучковски помина 6 часа затворен во седиштето на СДСМ Струга и со акција на специјалните полициски сили со хеликоптер беше ослободен и префрлен во Скопје.

Реакцијата на македонските безбедносни служби беше проследена со шок бомби, солзавец, но и гумени куршуми,  а по акцијата Бучковски заедно со Црвенковски, но и скопскиот градоначалник Ристо Пенов беа прогласени за непожелни личности во Струга и неговото име беше напишано на ѕидот на срамот.

Во таа 2004 година Бучковски е избран за нов претседател на СДСМ, но и  истиот ден му е доверен и мандат за формирање нова Влада по оставката на претходниот премиер, Хари Костов.

Во 2006 година СДСМ на чело со Бучковски доживува изборен дебакл, па на Конгрес на партијата му е изгласана недоверба и е принуден да се повлече од претседателското место.

Кон крајот на 2012 година, кога на чело на СДСМ беше Бранко Црвенковски, Бучковски беше исклучен од партијата, со образложение дека работи спротивно на нејзините интереси и дека ѝ нанесува штета.

Тој ја формираше партијата Алијанса за позитивна Македонија, но по неуспехот со партијата по неколку години поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, по скоро една година чекање одговор од надзорниот одбор на владејачката партија се врати во „старото јато“.

Бучковски своевремено требаше да му биде клучен сведок на Љубе Бошковски на судењата во Хаг, но со оглед дека Хашкото обвинителство не прифаќа сведоци што се обвинети за криминални активности, уште повеќе ако завршиле и во притвор, тоа не се случи.

Во однос на актуалните прашања со Бугарија и неговото именување за специјален претставник ставовите на Бучковски се на буквално иста линија како на премиерот Зоран Заев.

По реакциите во јавноста за именувањето на Бучковски се чини дека Заев е доведен во дереџе да го направи и незамисливото, за да успеат штетните преговори со Бугарија на сметка на македонскиот народ, па по тоа и да назначува осудени, криминално контроверзни политичари како Владо Бучковски.