-Денес сме тука на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош со цел да го одбележиме Денот на планетата Земја. Оваа година беше со тема инвестирај во нашата планета имајќи за цел сите општествено засегнати страни да работат на подобра, поквалитетна животна средина и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Се радувам искрено што оваа иницијатива беше прифатена од широк спектар на сограѓани, имавме невладини организации, планинарски друштва, глумци, актери, спортисти, искрени љубители на природата, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
-Имавме можност да уживаме во природата и да дојдеме до овој комплекс тука. Покрај основната цел, целта беше да укажеме и на потребата за комплетирање на проектот за пешачка и велосипедска патека на овој дел од градот, многу атрактивна за многу граѓани, а сеуште нереализиран, да укажеме на нашата жал за пропаѓањето на овој комплекс „Македонско Село“ каде што практично и буквите македонски ги отргна оваа власт, рече Јаревски.