Сите исчезнати во лавината во Австрија најдени живи

Последните две лица кои се водеа како исчезнати по лавината во западниот австриски скијачки центар Лех/Цир во сојузната покраина Форарлберг, соопштија локалните властите па операцијата на потрага и спасување е запрена.

Лавината се урна околу 15 часот во неделата, кога стасала до скијачките патеки во долината на кои во тоа време имало стотина скијачи. Почетните сомневања дека во лавината се затрупани десет лица била заснована на видео што го направил еден скијач, пишува австриската новинска агенција APA.

Едно лице брзо било извлечено од снегот и со тешки повреди е пренесено во болницата во Инсбурк. Вкупно четири лица се повредени.

Другите лица од снимката им се пријавиле на властите во неделата вечерта, пишува APA. Некои од нив самите се спуштиле во долината и во почетокот не пријавиле дека ги погодила лавината.

Инаку, скијачкиот центар во Лех/Цир се рекламира како „едно од најдобрите скијалишта на светот“ и дел од колепката на австриското скијање.

Според службата за предупредување, во Форарлберг во неделата постоела голема опасност од лавини поради ветерот и свежиот снег. Само неколку часа претходно веќе имаше лавина во тиролскиот регион Зелден. Отпрвин се стравуваше дека има затрупани под снежниот нанос, но подоцна по две иполчасовно пребарување беше објавено дека не е нема настрадани.