Сум сигурен дека Македонија ќе победи, вие ќе победите, сите ние заедно ќе победиме и поубави денови ќе дојдат за Македонија, преку видео-порака на фејсбук во неделата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, го честиташе најголемиот православен празник Велигден.
-Велигден е ден за нашите семејства, за нашите најблиски, ден за сите нас. За жал овој Велигден Македонија го дочекува во тешка здравствена и економска криза.
Јас сум сигурен дека Македонија ќе победи, вие ќе победите, сите ние заедно ќе победиме и поубави денови ќе дојдат за Македонија! Да сте живи и здрави. Христос Воскресе!, стои во неговиот пост,