Сите останаа без зборови по страшниот пад на дефанзивецот на Русија

Во пресрет на 2. коло од групата Б на Европското првенство во фудбал, Русија ја победи Финска со 1-0 во Санкт Петербург, останувајќи во игра за пласман во осминафиналето.

Натпреварот го обележа и сериозната повреда на Марио Фернандес, Бразилец со руско државјанство, кој незгодно падна во 25-та минута по воздушниот дуел пред финскиот гол.

Скокајќи со ривалот Даниел О Шоунеси, тој ја фати топката со глава, но потоа падна неконтролирано на грбот. Веднаш влета медицинска екипа, му го имобилизираше вратот и со носила беше изнесен од теренот. Веднаш бил пренесен во болница во Санкт Петербург.

Фернандес го паметат и хрватските навивачи затоа што тој постигна гол на Светското првенство пред три години во четвртфиналниот натпревар на кој Русија доби пенали по продолженија. Но, тогаш тој промаши од белата точка во престрелката и беше еден од трагичарите на Рускиот тим.