Во пресрет на денешната владина седница на која ќе бидат усвоени нови мерки за борба против Ковид 19, во Србија постојат и спротивставени барања, за компромисни решенија, со цел намалување на економската штета заради заострување на мерките.
Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека е време Кризниот штаб да донесе одлука оние што се ревакцинирани да можат да присуствуваат на спортски натпревари, а подоцна, кога тоа ќе биде дозволено, и на други манифестации.
-Ако некој е вакциниран и ја послушал својата држава, треба да му се овозможи да живее нормално, а не да ја плаќа цената за оние кои се неодговорни. Секако, на стадионот, дури и ако сте повторно вакцинирани, треба да ја почитувате дистанцата и сите пропишани мерки. Што се однесува до невакцинираните, треба да се размисли да им се дозволи влез доколку донесат негативен тест на вирусот Ковид-19, стар 24 часа – изјави Весиќ за ТВ Хепи.
Тој додаде дека Градот Белград предлага строго да се контролираат постојните мерки, да не се воведуваат нови ограничувања, дека ќе има уште повеќе приватни забави доколку рестораните се затворени и да се спроведе кампања за вакцинирање на граѓаните.
-Од денес, повеќе од 400.000 луѓе ќе бидат вакцинирани во Белград. Наместо да се занимаваме со тоа како 600, 700 или 800 илјади се вакцинираат, со што се занимава само Градот Белград, ние зборуваме за нови ограничувања поради кои нашите луѓе остануваат без работа. Повторно прашувам, кој ќе обезбеди плати за 40.000 луѓе кои ќе останат без работа доколку се воведе полицискиот час – кажа Весиќ.