Сите стравуваат за животот на познатиот пејач: Се огласи докторот и откри каква е состојбата на Тозовац

Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац(85) хоспитализиран е поради здравствени проблеми. Тозовац имал сериозни проблеми со белите дробови, како последица на корона вирусот, поради што е примен во болница, каде е ставен на кислород.

-Неговата состојба е стабилна, се наоѓа на интензивна единица ниво 2. Колку што ми е познато, стабилно е и на низок проток на кислород – рекол доктор Никола Васиљевиќ.