Сити ги урна рекордите на Челзи

Фудбалерите на Манчестер Сити во својот претпоследен меч сезонава во Премиер лигата со 3:1 на свој терен го совладаа Брајтон енд Хоув Албион со што поставија нови рекорди според бојот на победите и постигнатите голови во Премиер лига.

За Сити ова беше 31-ва овосезонска првенствена победа, со што го урнаа една година стариот рекорд на Челзи кој минатата година ја заврши со 30 победи, додека „граѓаните“ сега се на бројката од 105 постигнати погодоци во првенството, додека досегашниот рекорд, исто така, го држеше Челзи кои во сезоната 2009/10 постигнаа 103 голови.

Головите за Манчестер Сити ги постигнаа Данило во 16, Бернардо Силва во 34 и Фернандињо во 72 минута, додека голот за „галебите“ го постигна Уло во 20 минута. Сити сега има 97 бодови, дури 20 повеќе од второпласираниот градски ривал Манчестер Јунајтед.

Тотенхем со минималната од 1:0 победа против Њукасл Јунајтед на „Вембли“ си обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона, а стрелец на единствениот гол на Хари Кејн во 50 минута. Третиот Тотенхем сега има 74 бодови, три помалку од Манчестер Јунајтед, два повеќе од четвртиот Ливерпул, а четирите повеќе од петтиот Челзи.

Челзи пропушти можност бодовно да се израмни со Ливерпул во последното коло, бидејќи на својот „Стемфорд Бриџ“ одигра само 1:1 со Хадерсфилд Таун. Гостите поведоа преку Депоатре во 50 минута, а израмни Маркос Алонсо во 62 минута. Хадерсфилд со овој бод си обезбеди опстанок, бидејќи сега има 37 бодови, четири повеќе и недостижни од 18-от Свонси Сити кој се наоѓа во зоната на испаѓањето.