
Фудбалерите на Манчестер Сити со победата од 5:0 на домашен терен против Њукасл Јунајтед во последниот неделен дуел од 36-то коло на англиското првенство се издвоија на врвот на табелата, откако во саботата Ливерпул на домашен терен ремизираше во дербито со Тотенхем.
„Граѓаните“ поведоа во 19 минута кога Рахим Стерлинг со глва од близина ја спроведе топката во противничкиот гол, а предноста ја удвои во 38 минута Емерик Лапорт кој во мешаницата пред голот успеа да ја протурка топкат преку гол-линијата откако голманото Дубравка успеа да ги спречи двата обида на неговите соиграчи. Во продолжението меѓу стрелците се впишаа и Родри кој во 61 минута беше највисок во скокот по нафрањето од корнер на Кевин де БРујен, и Фил Фоден во 90 минута на додавање на Зинченко, за конечниот резултат да го постави со својот втор гол на мечот Стерлин во третата минута од судиското продолжение.
Водечкиот Манчестер Сити сега има 86 бодови, три повеќе од второпласираниот Ливерпул, кој ремизираше 1:1 во саботата со Тотенхем, а до крајот на сезоната остануваат уште три кола. Њукасел е безбеден на средината на табелата, 13-ти е со 43 бодови.
Претходно во неделата Арсенал со победата на домашен терен од 2:1 против Лидс Јунајтед се зацврсти на четвртото место во Премиер лигата, последното коешто води во Лигата на шампионите следната сезона.
Арсенал одлично го отвори дуелот и по десетина минути имаше сигурно водство од 2:0, со головите на Еди Нкетиах во 5 и во 10 минута. Кога Лидс во 27 минута остана без исклучениот Лук Ејлинг, се чинеше дека гостите ги очекува потоп, но во 66 минута Диего Љоренте успеа да намали на 1:2, но до крајот Лидс не успеа да го избегне поразот од веќе опуштените играч на Арсенал.
Четвртиот Арсенал сега има 66 бодови, еден помалку од третопласираниот Челзи, но четири повеќе од петтиот Тотенхем. Лидс, пак, падна во зоната на испаѓње, на 18-то место со 34 бодови, со ист број бодови со 17-от Барнли кој го држи последното место кое обезбедува опстанок во Премиер лигата.
Од зоната на испаѓање, пак, излезе Евертон кој оставри гостинска победа од 2:1 кај заморениот и депромиран тим на Лестер Сити кој претходно седмицава беше елиминиран од Рома во полуфиналето од Конференциската лига.
Евертон дојде во водство веќе 6 минута со одличниот удар на Виталија Миколенко, а набрзо во 11 минута Лестер израмни со голот на Патсон Дака кој ја искористи грешката на гостинската одбрана. Новата, како што се покажа и клучна предност, на гостите им ја донесе во 31 минута Мејсон Холгејт кој со глава ја закова топката во мрежата откако претходно домашниот голман Патрик Шмајкел го одбрани првиот обид на гостите по изведениот корнер.
Евертон со трите бод дојде до вкупно 35 бодови и исплива од опасната зона 16-ти е и во последните три кола поаѓа со предност од еден бод пред Барнли и Лидс Јунајтед кои, исто така, се надеваат на опстанок во елитата. Лестер Сити со 42 бодови теоретски е загрозен на 14-то место.
Вест Хем Јунајтед беше убедлив со 4:0 на гостувањето кај одамна отпишаниот Норич Сити. Двоен стрелец за гостите беше Саид Бенрама во 12 и во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Микаил Антонио во 30 минута и Мануел Ланцини во 65 минута од пенал.
Норич Сити со само пет победи сезонава е закован на дното со 21 бод, а Вест Хем Јунајтед моментално е 7-ми, пласиран во Конференциската лига, со 55 бодови од 36 кола, три помалку од 6-от Манчестер Јунајтед кој е на позицијата која води во Лига Европа.