Во дуелот од 23-то коло на англиското фудбалско првенство Манчестер Сити пред своите навивачи со 3:1 ја совлада Астон Вила, намалувајќи го заостанувањето зад Арсенал на три бода, но лондонските „Топчии“ имаат и меч помалку.
Актуелниот англиски првак целата работа ја заврши во првото полувреме кога ги постигна трите погодока. Стрелци беа Родри во 4, Илкаи Гундоган во 39 и Ријад Марез од пенал во првата минута од судиското продолжение на првиот дел. Во продолжението на мечот Астон Вила успеа само да ги ублажи поразот преки Оли Воткинс во 61 минута.
Ова беше 184-та победа на Пеп Гвардиола во 250-те првенствени натпревари во Премиер лигата, што досега не му успеа на ниеден менаџер во англиското елитно натпреварување. За него се сега Јирген Клоп кој во првите 250 дуели на Островот впиша 160 победи, Жозе Мурињо до овој лимит победи во 158 дуели, Алекс Фергусон 152 а Арсен Венгер 146.
Во неделата славеше и градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед кој на гостувањето со 2:0 го победи Лидс Јунајтед, а двата погодока гостите ги постигнаа во последните десет минути од средбата.
Лидс се држеше доброи, домашните играчи имаа и неколку одлични шанси, но бодовите сепак отидоа во Манчестер. „Црвените ѓаволи“ поведоа во 80 минута преку Маркус Рашфорд, а победата ја потвди Алехандро Гарначо во 85 минута.
На табелата и натаму води Арсенал со 51 бод, Сити има 48 а Јунајтед 46 бодови но има меч односно два повеќе од водечките клубови. Њукасл е четврти со 41 бод.
Астон Вила остана на 11-то место со 28 бодови, а Лидс Јунајтед е 17-ти со 19 бодови, еден повеќе од зоната на испаѓање.