Сити го преслуша Тотенхем, а Лестер за шест минути пак Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер Сити и на Лестер Сити во саботата беа сигурни во дерби дуелите од саботатната програма од 24-то коло на англиската Премиер лига против Тотенхем односно Ливерпул.

Фудбалерите на Манечестер Сити ја остварија 11-та последователна победа во Премиер лигата, а 16-та во сите натпреварувања победувајќи го Тотенхем со 3:0.

Натпреварот се сврти кон победата на Сити кон средината на првото полувреме кога Хојберг невнимателно го собори Гундоган и направи пенал кој во 23 минута го реализираше Родри. Во продолжувањето двоен стрелец беше Илкај Гундоган, во 50 и во 66 минута, првиот по акцијата на Рахим Стерлинг а вториот по асистенцијата на Фил Фонден по долгиот дегажман на голманот Едерсон.

Манчестер Сити остана на врвот на тебелата со 53 бодови од 23 натпревари, а Тотенхем е деветти со 36 бодови.

 

Ливерпул на гостувањето кај Лестер Сити доминираше во првото полувреме, но надмоќта ја реализираше дури во 67 минтуа кога Мохамед Салах беше стрелец по одличното додавање од Роберто Фирмињо. Актуелниот првак трите бода ги имаш в раце до 79 минута кога надежите дека ќе стави крај на губитничката низа ба потопени за само шест минути.

Во 79 минута израмни Џејмс Медисон откако голот прво беше поништен па сепак признат по проверката на ВАР системот. Две минути подоцна на 20 метри од голот се судрија голманнот на Ливерпул Алисон Бекер и новодојдениот турски стопер Кабак во обидот да ја исфрли топката, којашто ја собра Џејми Варди и ја испрати во мрежата. Победата на Лестер ја потврди Харви Барнс во 85 минута кој му побегна на Кабак и од левата страна влезе во шеснаесетникот и го совлада немоќниот Алисон.

Лестер Сити моментално е втор со 46 бодови од 24 кола, бод повеќе од третиот Манчестер Јунајтед кој има меч помалку. Ливерпул остана на четвртотот место со 40 бодови, кое е загрозено од Челзи, Вест Хем и Евертон кои имаат бод односно три помалку но имаат и натпревар помалку.

 

Барнли со 3:0 впиша гостинска победа кај Кристал Палас. Стрелци за гостите беа Јохан Берг Гудмундсон во 5, Џеј Родригез во 10 и Метју Лоутон во 47 минута.

За Барнли ова беше важна победа со која дојде до 16-то место и 26 бодови, моментално девет повеќе од зоната на испаѓање. Кристал Палас остана на 29 бодови со кои моментално е на 13-то место.

 

Во последниот саботен натпревар Брајтон и Астон Вила одиграа без погодоци. Брајтон е 15-ти со 26 бодови, 11 бодиви повеќе од опасната зона, а Астон вила останаа на 8-то место со 36 бодови.

 

Во недела се играат дуелите: Саутемптон – Вулверхемптон, Вест Бромвич Албион – Манчестер Јунајтед, Арсенал – Лидс ?Јунајтед и Евертон – Фулам.

Во понеделник играат Вест Хем Јунајтед – Шефилд Јунајтед и Челзи – Њукасл Јунајтед.