Големите градски фудбалски ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити, одлучија заеднички да донираат 100.000 фунти за помош на локалните банки со храна.
Двата клуба се одзваа на иницијативата коај ја покренаа навивачите и на двата клуба, и донираа по 50.000 фунти во мрежата „ Trussell Trust“ која се грижи за снабдувањето на 1.200 ткн банки за храна.
„Горди сме на улогата на нашите навивачи во помагањето на локалните банки за храна и препознаваме дека актуелната ситуација за последица ќе има засилена потреба од хуманитарна помош“, објавија клубовите во заедничкото соопштение.