Сити им се врати на победите, Стерлинг стрелец на најбрзиот гол сезонава

Во средбата од 22-то коло од англиското фудбалско првенство водечкиот Манчестер Сити го потврди Вотфорд постигнувајќи ја дваесеттата победа оваа сезона со уште два нерешени резултати.

Манчестер Сити минатата коло се спасија во последните минути на гостувањето кај Кристал Палса кој не реализираше пенал а мечот заврши 0:0, со што ја прекина серијата од 18 последователни победи. Но и по 22-то коло сѐ уште се без пораз во Премиершип оваа сезона.

„Граѓаните“ поведоа веќе во 38 секунда од натпреварот преку Рахим Стерлигн, што е најбрзиот гол оваа сезона во најсилната англиска лига. Воедно ова е третиот најбрз гол на Сити во историјата на Премиер лигата. Лерој Сане одлично нафрли од крилна позиција, а Стерлинг ја закова топката на втората статива. Во 12 минута веќе беше 2:0 откако Кристијан Кабаселе нафрлањето на Кевин де Брујне го смести во сопствената мрежа. Сите дилеми, доколку воопшто ги имаше на овој дуел, ги реши Серхио Агуеро во 63 минута. Гостите го ублажија поразот во 82 минута преку Андре Греј.

Вотфорд е на средина од првенствената табела со 25 бодови. Во водство е Манчестер Сити со 62 бода, Манчестер Јунејтед се врати на втората позиција со 47 бодови, а Челзи е на тратата со 45 бодови и меч помалку.

Победа оствари и Тотенхем кој на гостувањето кај последниот Свонси Сити дојде до бодовите со головите на Фернандо Љоренте во 12 и Деле Али во 89 минута. Тотенхем е на петтата позиција со 40 бодови и меч помалку, додека Свонси има освоено само 16 бодови.

Во дербито на дното Вест Хем Јунајтед го победи Вест Бромвич Албион со 2:1, а јунак на мечот беше двојниот стрелец Ендрју Керол кој победничкиот гол го постигна во третата минута од судиското продолжение. Инаку гостите поведоа во 30 минута преку Џејмс Мекклин, но домашниот во второто полувреме направија целосен пресврт. Прво во 59 минута Керол изедначи натскокнувајќи ја целата одбрана на гостите, а потоа во последните минути погоди и за победата.

Со трите бода Вест Хем моментално се извлече од зоната која води во понизок ранг на натпреварување, на 16-ти место е со 21 бод, додека ВБА остана претпоследен со 16 бодови.

Кристал Палас со 2:1 на гостувањето го победи Саутемптон, иако заостануваше сѐ до 69 минута. Домашните поведоа во 17 минута со голот на Шејн Лонг кој постигна гол по речиси цела година и пост кој траеше 1.320 минути. Изедначи Џејмс Мекартур во 69 минута, а победата на гостите им ја донесе Лука Миливојевиќ во 80 минута.

Кристал Палас е 14-ти на табелата со 22 бодови, додека Саутмптон е 17-ти со два бода помалку.