Сити подобар од Јунајтед, Вулверхемптон го сопре Арсенал

Во дербито на 12-то коло од англиското фудбалско првенство Манчестер Сити го победи градскиот ривал Јунајтед со 3:1, Ливерпул славеше над Фулам со 2:0, Челзи одигра само 0:0 со Евертон, а без победник заврши и средбата Арсенал – Вулверхемптон (1:1).

Манчестер Сити со оваа победа повторно го презема врвот на табелата, но и ја продолжи серијата без порази оваа сезона. Во дванаесетте кола „Граѓаните“ запишаа десет победи и две ремија. Без пораз се и Ливерпул кој со го следи Сити но има два бода помалку – 30 и третиот Челзи со 28 бодови. Тотенхем е четврти со 27 бодови.  Манчестер Јунајтед е само осми со бодови.

Победата на Сити кој во првите дваесетина минути целосно доминираше ги постигнаа Давид Силва во 12, Сехио Агуеро во 48 и Илкај Гундоган во 86 минута, додека за Јунјатед стрелец беше Ентони Мартиал во 58 минута од пенал. Арсенал остана на петтата позиција со 24 бодови, четири бодови повеќе од групата тимови Борнмут, Вотофорд и Манчестер Јунајтед. Вулверхемптон е 11-ти со 15 бодови.

За Жозе Мурињо ова беше 300-от премиерлигашки меч и без оглед на поразот и натаму е рекордер со најголем број победи во првите 300 натпревари во Англија. Португалецот остварил оствари 189 победи, легендарниот менаџер на „Црвените ѓаволи“ сер Алекс Фергусон 183, а Французинот кој со децении седеше на клупата на Арсенал , Арсен Венгер остварил 180 победи.

Во претходно одиграниот дуел Ливерпул го победи „фенерџијата“ Фулам со 2:0 со головите на Мохамед Салах во 41 и Џердан Шакири во 53 минута.

Челзи, исто така, ја продолжи серијата без порази на 12-те првенствени средби, меѓутоа „Сините“ одиграа само 0:0 на својот „Стемфорд Бриџ“ против Евертон, кој сега е деветти со 19 бодови.

Изненадувањето на колото го приреди Вулв ерхемптон кој на гостувањето одигра 1:1 против Арсенал, кому ова е трето реми во низа, а доколку се смета и Европската лига  – е четврти нерешен резултат во последните пет дуели.

Гостите поведоа во 12 минута со голот на Овано Кавалеиро, а „Топчиите“ ги спаси Хенрик Мхитарјан во 85 минута. Арсенал е