Сити повторно на врвот откако славеше кај Фулам

Манчестер Сити се врати на врвот од табелата во англиската Премиер лига откако со 2:0 во саботата го победи на гости Филам во дуелто до 32-то коло од фудбалското превнство.

Победата на стадионот „Крејвен Котиџ“ во Лондон на екипата на Пеп Гвардиола ѝ ја донесоа Бернардо Силва со гол во 5 од околу 20 метри од левата страна и Сергио Агуеро во 27 минута. За Аргентинецот тоа беше 19-то погодок сезонава во Премиер лигата и е на врвот на листата на стрелците. Сити имаше дури 10 удари кон противничкиот гол во првите 15 минути од дуелот.

Манчестер Сити сега има 77 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул кој има ист број натпревари. Со меч помалку следуваат Тотенхем со 61 бод, четвртиот Арсенал со 60, а Манчестер Јунајтед е петти со 58 бодови, додека шести е Челзи со 57 бодови. Фулам практично веќе е во втората лига, бидејќи има само 17 бодови од 32 меча и е на 19 место, а Кардиф е 18-ти со 28 бодови. Последен е Хадерсфилд со 14 бодови.

Во саботата се уште шест натпревари, во 16 часот започнаа дуелите Брајтон – Саутемптон, Барнли – Вулверхемптон, Лестер – Борнмут и Кристал – Палас Хадерсфилд а од 18,30 часот Вест Хем го пречекува Евертон. Во недела се на распоред соочувањата Кардиф – Челзи, дербито Ливерпул – Тотенхем и Арсенал Њукасл.