Фудбалерите на Манчестер Сити со убедливи 4:0 го совладаа домашниот Вотфорд, а подоцна во вторникот Арсенал со 0:1 беше поразен на гостувањето кај Астон Вила која на коло пред крајот излезе од зоната на испаѓање.
Стрелец на победбичкиот погодок за Астон Вила беше во 27 минута египетскиот напаѓач Махмуд Хасан попознат како Трезеге. Астон Вила сега е 17-та со 34 бодови колку што има и Вотфорд кој претходно во вторникот беше поразен од Манчестер Сити.
Астон Вила во свои раце го има опстанокот во Премиер лигата, а во последното коло гостува кај 16-то Вест Хем кој има три бода повеќе од неа. Вотфорд пак гостува кај Арсенал а може да опстане само доколку победи со голема разлика.
Арсенал ја имаше една од послебите сезони последните години и на коло пред крајот е десетти со 53 бодови, дуру 40 помалку од водечкиот Ливерпул.
Стрелци за Манчестер Сити беа Рахим Стерлинг во 31 и 40 минута откако не реализираше пенал, Фол Фоден во 63 и Ајмерик Лапорт во 66 минута.
За Манчестер Сити натпреварот беше резултатски без значење, бидејќи одамна го има обезбедено второто место, додека Вотфорд со евентуален бод или победа ќе ги зголемеше шансите за опстанок во Премиер на лигата.
Во среда ќе бида одиграни преостанатите два натпревара од претпоследното коло во англиското првенство. Двата меча се многу важни во борбата за пласман во Лигата на шампионите а се среќаваат Манчестр Јунајтед – Вест Хем Јунајтед и Ливерпул – Челзи.