Сити се радува, Ливерпул удри по судиите

Последниот натпревар од вонредното 18. коло во англиската Премиер лига, дерби пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, Манчестер Сити и Ливерпул, заврши со минимален триумф на “граѓаните” од 2:1.

Ливерпул дојде во водство со голот на Кутињо, на 1:1 израмни капитенот на Сити, Винсент Компани, а конечниот резултат, во 45 минута, го посатви шпанскиот интернационалец, Алваро Негредо.
Не само што ја загубија лидерската позиција, фудбалерите на Ливерпул сега ќе мораат да се задоволет со четврата позиција на табелата, а по подолга пауза, во листата на стрелци не се запиша најдобриот голгетер во Премиер лигата, уругавсјкиот интернационалец, Луис Суарез.

„Горд сум на моите фудбалери, беа фатастични, но не добија никава помош од судиската тројка. Ретко кога зборам за судиската арбитража, но сега ќе кажам дека бев сведок на една очајна арбитража. Немавме никаква корист кога се во прашање судиските одлуки. Не знам од каде виде офсајт при акцијата на Стирлинг. Помошниот судија не беше во иста линија со противничките дефанзивци. Исто така не добивме чист прекршок на стартот од вториот дел. Суарез беше грубо фаулиран од Лескот но судијата ништо не покажа”, изјави менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.