![jesus siti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/jesus-siti.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 4:! На гостувањето кај Барнли во дуелот од 15-то коло на англиското првенство и моментално се вратија на втората позиција и го намалика заостанувањето зад водечкиот Ливепрул на осум бодови.
Тимот на Пеп Гвардиола дојде до десетата првенствена победа сезонава во Премиер лигата, а големи заслуги за тоа има бразилскиот напаѓач Габриел Жезус кој беше стрелец на првите два погодока. Во 24 минута со многу прецизен удар од левата страна на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол, а во 50 минута одлично го следеше нафрлањето на Бернардо Силва и од неколку метри биеше во самиот агол.
Голманот на Банрли, Ник Поуп, во уште неколку наврати ги спречи Рахим Стерлинг и Бернардо Силва да ја зголемат предноста на Сити. Но во 68 минута беше немоќен пред разорниот шут на Родриго кој од работ на казнетиот простор биеше под пречката. Во 87 минута не можеше да го сопре ниту прецизиниот удар на Марез. Убедливиот пораз на Барнли го ублажи Бреди во 89 минута, а неговиот клуб моментално е на 11-то место со 18 бодови.
Во првиот меч од колото Кристал Палас пред своите навивачи го совлада Борнмут со 1:0 со голот на Шлап во 76 минута, иако од 19 минута играше со играч помалку откако Сако беше исклучен поради оапсен стар. Кристал Палас сега е петти со 20 бодови, а Борнмут остана 12-ти со 16 бодови.
На табелата води Ливепрул со 40 бодови, Манчестер Сити и Лестер имаат по 32, а „Гараѓаните“ имаат меч повеќе, додека Челзи има 26 бодови. Во зоната на испаѓање се Саутемптон со 12, Норич со 11 и Вотфорд со 8 бодови.
Во среда навечер се играат дуелите Челзи – Астон Вила, Лестер – Вотфорд, Манчестер Јунајтед – Тотенхем, Саутемптон – Норич, Вулверхемптон – Вест Хем и „Мерсисајд“ дербито меѓу Ливерпул и Евертон. Во четврток колото жќе го заокружат Шефилд – Њукасл и Арсенал – Брајтон.