Сити сигурен против четвртолигаш во ФА Купот

Манчестер Сити е првиот учесник во 16-финалето од годинешното издание на најстарото фудбалско натпреварување на светот, англискиот ФА Куп, откако во првиот меч од 3-то коло како гостин го совлада со 4:1 четвртолигашот Свиндон Таун.

Стрелци за Сити беа Бернардо Силва во 14, Габриел Жезус во 28, Илкај Гундоган во 59 и Кол Палмер во 82 минута, додека за Свондон погоди Хари Меккирди во 78 минута.