Сити со славеничката поворка низ улиците на Манчестер ја прослави „триплата“

Илјадници навивачи на фудбалскиот клуб Манчестер Сити се собраа во понеделникот вечерта во славеничката поворка низ Манчестер за да ги прослават освоените три титули оваа сезона, вклучувајќи го и неодамнешниот трофеј во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Сити, предводени од норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и тренерот Пеп Гвардиола, со отворен автобус минаа низ улиците на Манчестер. Враќајќи се во неделата наутро со авион од Истанбул, повеќето играчи веднаш тргнаа со друг лет на дополнителната ноќ на прославата на Ибица.

Прославата во Манчестер беше нарушена од дождот, поради што почетокот на поворката беше накратко одложен.

Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија титулата во Лигата на шампионите во саботата, откако во финалето во Истанбул го совладаа Интер со 1:0. Тоа е првиот трофеј на „Граѓаните“ во најелитното континентално натпреварување.

Сити стана старо-нов шампион на Англија на 20-ти мај, победник на најстарото клупско натпреварување во светот англискиот ФА Куп на 3-ти јуни, а првата тутула во Лигата на шампионите во нивната историја ја освоија во саботата на 10-ти јуни, израмнувајќи го подвигот што досега во Англија го имаат постигнато само нивните соседи од „црвениот дел на Манчестер – Јунајтед во 1999 година.