
Манчестер Сити го одреди фудбалерот на Евертон Рос Баркли како прва трансфер желба по завршувањето на оваа сезона.
Според англиските медиуми, за исполнување на оваа желба раководството на „Граѓаните“ е подготвено да плати цели 35 милиони фунти за овој фудбалер на Евертон.
Баркли има 20 години, игра во средниот ред и е продукт на фудбалската школа на Евертон. За сениорите на овој тим од 2010-та година одигра 47 натпревари и постигнал шест голови.
Од 2013-та година, Рос Баркли е репрезентативец на „Гордиот Албион“, а претходно настапуваше во сите млади категории на оваа репрезентација.