Сити за Кејн понуди 100 милиони фунти

Англискиот фудбалски шампион Манчестр Сити понуди 100 милиони фунти за напаѓачот на лондонски Тотенхем, Хари Кејн.

Англискиот репрезентативен капитен Хари Кејн, како што се претпоставува, ќе биде една од главните ѕвезди на летниот преоден рок, откако извонредниот напаѓач веќе изрази желба да ги напушти редовите на Тотенхем.

На фудбалскиот пазар владее голем интерес за Кејн, а најзаинтересирани се челниците на Манчестер Сити. Англискиот првак нуди 100 милиони фунти, објави весникот The Daily Star, кој наведува и дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, бара 150 милиони фунти отштета.

Во Сити тврдат дека Кејн во минатото имаше големи проблеми со повредите, а дека во моментов не прикажува задоволителни игри и на Европското првенство, барем на првите два натпревара.