„Ситница“ што го намалува коефициентот на интелигенција

Инфекциите не само што го ослабуваат имунолошкиот систем, туку влијаат и на перформансите на вашиот мозок, заклучиле дански научници.

Во истражувањето учествувале 190.000 мажи кои решавале ист тест на интелиегенција, откако претходно прележале некој вид настинка. Резултатите покажале дека во просек освоиле два поени помалку од националниот просек. Оние кои почесто посетувале лекар, имале послаб резултат дури за девет поени од просекот.

КАКО Е ВОЗМОЖНО ТОА?

Инфекциите активираат одредени мозочни клетки кои се поврзани со вашиот имунолошки систем, вели авторот на студијата, универзитетскиот професор Михаел Ериксен Бенрос. Тие промени испраќаат информации на останатите мозочни клетки, па може да дојде до колективни проблеми.

За среќа, не ви треба строг карантин за подобро да се борите против инфекциите. Најдобар начин да останете здрави е редовно да миете раце, напоменуваат научниците. Повеќето од мажите прескокнуваат миење раце во 50 отсто од случаите и тоа го прават пократко отколку што треба, вели Чарлс Герба, професор и експериментален микробиолог на Универзитетот во Аризона.