Ситуацијата со вакцините против Covid-19 ја потврди неспособноста на власта, оцени Милошоски

Најголемиот доказ за неспособноста на актуелната власт e вакцината против коронавирусот која никако да пристигне во земјата, изјави во понеделникот за медиуми, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонијо Милошоски

На опозицискиот пратеник во текот на неговиот престој во Струга, му беа поставени неколку прашања за актуелните теми во Македонија. Првото прашање на медиумите се однесуваше за вакцините против Covid-19 кои сѐ уште никако да пристигнат во државата.

„Според мене процесот на вакцинирање минатата година започна во Србија, Грција, Бугарија, Албанија и многу европски држави. Колку подоцна започнува вакцинирањето, толку поголеми се штетите за здравјето на граѓаните и толку поголеми се штетите за економијата. Македонија, за жал, заедно со Косово е последната земја која не го започнала процесот на вакцинирање и со тоа здравјето и економијата трпат штети и мислам дека неспособноста на министерот за здравство е дел од одговорот на ова прашање“, нагласи Милошоск