Ситуацијата во Мариупол е пострашна од Буча, тврди Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави во понеделникот по наводното откривање на злосторства во киевското предргадие Буча дека состојбата во јужниот пристанишен град Мариупол наводно е многу полоша, пренесува британски BBC.

Претходно во понеделникот руската војска ги повика украинските војници од паравоените крајнодесничарски единици и странските платеници во Мариупол, коишто се отсечени и сѐ уште даваат отпор, „да се предадат во замена за животот“.

„Имајќи ја предвид лошата хуманитарна ситауција (….) и исто така фактот што различните групи борци на националнистичките формации не се подредени на официјален Киев, руските вооружени сили врз основа на чисто хумани начела, им нудат на вооружените сили на Украина, баталјоните на територијалната одбрана и странските наемници од 6 часот (по московско време) на 5-ти април 2022 да ги прекинат борбените дејствија да го положат оружјето и да излезата по рутата договорена со украинската страна во правец на Запорожје до териториите контролирани од Киев“, изјави челникот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковник Михаил Мизинцев.

Истовремено шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба по средбата со британската колешка по должност Лиз Трас во полската престолнина Варшвава, изјави дека „ужасите во Буча се само врв на ледениот брег на воените злосторства коишто ги сториле руските сили“.

„Можам да ви кажам без претерување, но со голема тага, дека ситауцијата во Мариупол е многу полоша“, рече Кулеба за BBC.

Според украинската страна, десетици илјади цивили и натаму се опколени во Мириупол кој е во урнатини по седмиците бомбардиња. Од градот, како што тврди Киев, со денови се обидуваат да се евакуираа цивили но без поголеми успеси.

Руската страна, пак, повеќепати изминатиот месец предупредуваше дека добровооружените формации на крајните националисти и странските платеници во заложиштво како жив штит ги држат цивилите во Мариупол, емитувајќи сведоштва на цивили и на борци кои ги претставува како укрански војници кои се заробени или се предале. Покрај тоа, Москва ги обвини украинските сили во градот дека ги размесувале своите огнени позиции во близина на чувствителна цивилна инфраструктура, како и дека намерно гаѓале во станбени блокови со цел да ја обвинат руската војска.

Русија, исто така, обвинува дека Киев не сака да се договори за понудените коридори за цивилите, како и дека самостојно евакуирала повеќе десетици цивили од Мариупол.

Лиз Трас со повикот за нов бран санкции за Русија кои според неа би требало да ги донесе Велика Британија и нејзините сојузници за да се запрат „воените напори на Путин“, рече дека е „многу јасно“ дека руските воени сили во Буча „извршиле воени злосторства“ против украинските цивили.

„Сите сме згрозени од призорите од Буча, со масакрот, со јасните докази за сексуални злосторства, гаѓањето невини цивили и многу јасно е дека воени злосторства се случиле… Што се однесува до геноцидот тоа е работа која мора да ја одлучат судовите“, тврдеше без изнесување докази Трас на прес-конференцијата во Варшава.

Претходно во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден одби да ги карактеризира настаните во Буча за „геноцид“ задржувајќи се засега на формулацијата „воено злосторство“. „Не, мислам дека тоа е воено злосторство“, одговори американскиот челник во Вашингтон на новинарското прашање дали мисли дека случувањата во киевското предградие е „геноцид“.

На 29-ти март во Москва беше покрената кривична истрага откако тело на брутално убиена жена беше откриено од проруските сили во украинскиот воен комплекс во Мариупол. Рускиот Истражен комитет тогаш објави дека „украинските националисти од баталјонот Азов долго време малтретирале жена од Мариупол, нанесувајќи 1 телесни повреди. „Нејзиното тело, кое покажуваше знаци на тортура и имаше изрежана свастика на стомакот, беше пронајдено во подрумот на едно од училиштата во градот, каде што се наоѓаше базата на националистите“, се вели во соопштението.

Ужасното откритие првпат беше објавено неколки дена претходно од Патрик Ланкастер, Американец кој долго време го покриваше конфликтот на истокот на Украина. Снимките од местото на настанот сугерираат дека жената претрпела брутална тортура пред нејзината смрт, нејзиното тело било со  модринки и пластична кеса замотката пластична кеса околу нејзината глава. Почетокот на истрагата за нејзината смрт доаѓа еден ден откако Москва објави дека го бара изворот на графичките видеа на кои наводно се гледа како Украинци мачат и егзекутираат заробени руски војници.

Кулеба изјави дека доколку некоја земја од Г7 или ЕУ има и натаму некакви дилеми во смисла продолжување на трговијата со Русоја, сигурно би се премислила да посети „само една од масовните гробници во Украина“. Во интервјуто за BBC, шефот на украинската дипломатија рече дека „масакрот на цивилите во Буча“ треба да биде пресвртница во поглед на поддршката којашто Западот сака да ѝ ја пружи на Украина.

„Масакрот во Буча би требало да острани секакво двоумење на Западот да ни го испрати целото потребно оружје… да ја одбраниме својата земја и да ја ослободиме од руските окупатори“, рече Кулеба.