СЈО го гази македонското законодавство за да го спаси Заев од криминалот

сјо

Не стивнуваат реакциите во јавноста по одлуката на СЈО да го повлече обвинението во случајот „Пуч“. Според поранешните јавни обвинители и познавачи на состојбата, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со ваквата постапка целосно ги негира аргументите, фактите и доказите кои што постојат во Пуч и го погазила законодавството.

„Се работи за кривични дела против државата и против уставниот поредок, овде имаме спротивставеност на поединец кој се огрешил пред законите и судството, државата и овде лупата треба да биде најизострена и да се бараат докази до последен момент. Во случајот има докази, тие се во електронска форма и да не заборавие дека кризата започна токму со Пуч и излевањето на демократијата од институциите на улицата, се бараше правна и полтичка разрешница. Политичката заврши со изборите, а правната со откажување од гонење. Тоа е негирање на Законот за кривична постапка“, вели аналитичарот Сотир Костов.

Во оваа фаза според експертите, случајот не може да се откаже, доколку СЈО не сакаат да ја водат постапката, појаснуваат оти други органи кои се задолжени за гонење на криминал, можат да преземат мерки. Почнувајќи од Основјавно обото винителство, Советот на обвинители па се до Обвинителството за организиран криминал – институција која и претходно го водеше случајот „Пуч“.

По одлуката на специјалното обвинителство да го повлече обвинението во случајот „Пуч“ против Зоран Верушевски и Зоран Заев се чека изјаснување и од Советот на јавни обвинители.

„Откажувањето на СЈО од предметот „Пуч“ поради несовпаѓање на доказите со оние што СЈО ги има во двата други предмета не значи дека редовното јавно обвинителство не може да продолжи да го работи предметот во рамките на својата надлежност“, вели професорката Тања Каракамишева Јовановска.

Правната фела, ваквата одлука на Јанева ја оценува како скандалозна поради повлекување на обвинението во фаза кога истото е прифатено од судскиот совет.

„Во досегашната пракса скоро никогаш не се случило повлекување на обвиненето во оваа фаза на постапката. Посебно во политичката ситуација во која се случува ова отвора многу прашања во однос на непристрасноста и независноста на оваа институција. Доказите ги цени судот, а не самото обвинителство, а да не заборавиме дека во овој случај има признание на вина“, посочува Бошко Станковски, докторант по меѓународно право.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак обвинуват дека Зоран Заев преку политиката сака да се спаси од криминалот. А СЈО наместо да го гони криминалот, како што велат од партијата, одлучило да се стави во негова одбрана со што целосно се делегитимирашло и покажало дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.

„Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите.� Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за “Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка, истака на прес конференција Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.