СJO го објави четвртиот извештај

 Специјалното јавно обвинителство го објави четвртиот извештај за работењето во последните шест месеци. Поднесени се вкупно 18 обвиненија за 19 предмети против 120 лица за 168 кривични дела.

Во текот на извештајниот период отворени се вкупно 7 нови истражни постапки против вкупно 25 физички и превземени се истражни дејствија спрема 4 правни лица, се наведува во извештајот што беше пред малку објавен .

Поднесените обвиненија се резултат на исклучителното залагање на целокупниот тим на ова Јавно обвинителство бидејќи во суштина во 10- те месеци и покрај сите правни нејаснотии и недоречености во законите, како и одредени опструкции на нашето постапување со кои се соочивме во отворените истраги,иако се работи за навистина сложени кривични дела,сепак успеавме да ги завршиме истрагите кои резултираа со поднесување на обвиненија за кои сметаме дека се обезбедени цврсти докази.

И покрај неопходноста од постоење на соодветен временски период за истражување и  преземање на потребните дејствија за докажување на ваков вид на кривични дела, поднесените обвиненија кои се резултат на 10 месечната работа се состојат во прибавување на нави стина обемна документација и  доказен материјал, опсежни и сеопфатни материјални докази, употреба на меѓународната правна помош во предметите, сослушување на голем број  сведоци, како и обезбедување на неопходните вештачења.

Сето погоре наведено несомнено укажува на оправданоста на обвиненијата зад чие  докажување ние цврсто ќе застанеме пред судот, наведуваат во соопштението на СЈО .