Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно Специјалното Јавно Обвинителство по анализата на доставените податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија, изготви план за динамика на барање на предметите.
Како што е наведено во денешното соопштение од Специјалното јавно обвинителство, во планот е утврдена временската рамка во која ќе бидат упатувани барања за доставување на предметите во ова Обвинителство, која не надминува 15 дена помеѓу две упатени барања. Планот воедно опфаќа и листа на предмети кои ќе бидат побарани. При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата земена е предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат предметите, како и обемноста на истите.
СЈО упати барања за доставување на предметите до надлежните обвинителства
Во насока на…