СЈО изготви план за динамика на барање на предметите

Во насока на реализација на планот, Специјалното јавно обвинителство до надлежните обвинителства упати барања за доставување на предметите.

 До Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.90/15, а оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик, како и предметот заведен под КО бр.25/15 (познат како Пуч).

До Основното јавно обвинителство Скопје поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.

До Основното јавно обвинителство Битола поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик.

До Основното јавно обвинителство Куманово поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање чл.151 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

По добивање на предметите од обвинителствата, Специјалното јавно обвинителство како што се наведува во соопштението, очекува првите одлуки за надлежноста на ова Обвинителство да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите. – Oбвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста, велат од СЈО.

СЈО е сместено во поранешните простории на Агенцијата за млади и спорт

Од СЈО информираат…