СЈО отвори истрага за патните трошоци на Бонева

Специјалното Јавно обвинителство денеска на прес-конференција информираше дека е отворена истрага против Силвана Бонева, за злоупотреба на патните трошоци.

Од 2 јуни до 16 декември на Собранието Бонева му давала лажни фискални сметки од патарини, иако имала сместување во Скопје, велат од СЈО.

Досега наводно Силвана Бонева остварила 843 патувања од дома до Скопје.

Анализата покажала дека ако реално се направени овие патувања, таа поминала 235.928 километри, а од прибавените докази на нејзиното возило во тој период, се гледа дека возилото поминало 133.520 километри . Со тоа таа ги довела во заблуда службите во Собранието и прибавила 5.973.802 денари или околу 100 илјади евра противпарвна имотна корист.

СЈО денеска соопшти дека отвора седум нови истраги за злоупотреба на службената положба и измама во службата.