Специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ соспственост на Фијат Цановски во 2011 година.
Како што наведе на денешната прес-конференција во СЈО обвинителката Фатиме Фетаи, станува збор за спрега централна – локална власт во која биле вмешани тогашниот премиер и тогашниот министер за транспорт и врски со цел, како што посочи, одмазада кон Цановски за неговата одлука да ја напушти владејачката коалиција.
Искористувајќи ја својата позиција, според СЈО, го поттикнале градоначалникот на Гази Баба да најде начин да го урне „Космос“. Градоначалникот прифатил таков налог и ја повикал провоосомничената, градежен инспектор во Гази Баба и кажал дека е побарано да се најде начин да се урне објектот. Таа се согласила и со користење на својата службена положба и незаконски направила мерење на височината на градбата, рече Фетани. Составила записник во кој невела дека објектот е повисок за 1,43 метри од предвиденото и донела решение за остранување на градбата.
Вештачењето што го направило Архитектонскиот факултет покажало дека првоосомничената постапила незаконски. Од инвеститорот било побарано да го урне објектот или да дозволи присилно уреивање. Иако тој доставил стручно мислење од Архитектонсиот факултет во кое се велело дека нејзините одлуки се незаконски, постапката за уривање продолжила, и за да се забрза динамиката било одлучено да се урива со експлозив.
Според Фетаи, градоначалникот и вработени во Гази Баба спротивно на закон спровеле јавна набавка со направиле штета од 2.999.560 денари штета на буџетот на општината. Посочи дека со уривањето на објектот на инвеститорот му е нанесена штета од 14,8 милиони евра. Тој, пак, како вкупна отштета бара 58,8 милиони евра.
Осомничени во „ТНТ“ се четири лица за кои од судот се побрани соодветни мерки за обезбедување нивно присуство во постапката. Три лица во случајот се опфатени со помилувањето од претседателот Ѓорге Иванов. Во документирањето на предметот, како што наведе Фетаи, биле користено и вештачење на телефонски СМС пораки.