
СЈО на прес-конференцијата денеска призна дека биле неподготвени и промашиле во врска со барањето за опремата.
Портпаролката Ленче Ристоска одговарајќи на новинарски прашања рече дека знаеле оти опремата не е во сопственост на МВР и УБК, со што јавно призна дека непотребно правеле театар.
Ние знаеме дека дел од овие системи не се во сопственост на МВР и се во сопственост на телеком провајдерите, односно телекомуникациските оператори, рече Ристоска.
Од ова призлегува дека Специјалното јавно обвинителство е позагрижено за угледот на фирмата „Ериксон“ отколку за угледот на државните институции. Ристоска на денешната прес-конференција молеше да не се нарушувал угледот на „Ериксон“, иако тие вчера го нарушија угледот на илјадници службеници на државата.
Се прават напори и вчера потенциравме, компаниите кои генерално ги произведуваат тие системи да не се ставаат во незгодна позиција и да не се зборуваат работи кои што можат да штетат на нивниот углед како компанија, рече Ристоска.