На својата официјална страна Специјалното јавно обвинителство по најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”,соопшти дека денеска ќе го гледаат филмот.
– Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – се вели во соопштението.
На белградската ТВ Н1 вечерва со почеток во 20.00 часот премиерот ќе биде прикажан документарниот филм со наслов „Македонските Чарлиевите ангели” за тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство.
Како што стои во најавата, во филмот британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата.