Скандал го тресе изборот Мис Америка

Водечките луѓе на здружението коешто го организира изборот за Мис Америка поднесоа оставки во саботата по откривањето на електронската пошта во којашто некои победнички се омаловажувани и нарекувани со погрдни изрази.

Според пишувањето на The Washington Post, оставки поднеле извршниот директор Се Хаскел, и претседателот Џош Ранлд, како и претседателката на советот Лин Вејднер.

Порталот Huffington Post во четвртокот објави дека Сем Хаскел испратил неколку електронски пораки за Мелори Хаган, победничка на изборот во 2013 година, во кој се подбива бидејќи добила на тежина и го критикува нејзиниот сексуален живот тврдејќи дека е „лесна“.

Изразувајќи „длабока потресеност и тага“ поради содржината на тие пораки, 49 поранешни Мис Америка, меѓу кои и победничката на изборот од оваа 2017 година, Сејви Шилд, испратија во петокот писмо до организацијата барајќи итен отказ за Сем Хаскел.

Исто така, бараа и заминување на Рендл, кого Huffington Post го обвини дека учествувал во размената на тие пораки со Хескел, но и на претседателката на советот на организацијата Вејднер и на администраторката Тами Гадад, кои ги „затвориле очите“.

Хаскел по оставката се огласи со соопштение во коешто се извинува поради „погрешните зборови употребени во пораките, истовремено нарекувајќи ја приказната на порталот нечесна и залажувачка“,

„Ви беа потребни 24 часа да го смислите тој беден изговор според кој се работи за лаќги“, реагираше на изјавата на Хаскел, Мелори Хаган.