Поцков во Општина Гевгелија ја вработил струмичанката Александра Љочева Грнчарова, таа воопшто не доаѓала на работа, а плата редовно си земала плата
Скандал на градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков со вработувањето на Александра Љочева Грнчарова од Струмица, ќерка на бизнисменот Митко Љочев и сопруга на Тони Грнчаров, претседател на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје. Истата била вработена на позиција Советник за буџетска координација во одделението за финансиски прашања во Општина Гевгелија.
Во време на пандемија кога гевгеличани ги губат своите работни места, наместо да се борат работните места да ги добијат гевгеличани, тие исите ги распродаваат по други општини.
Најглемиот апсурд е дека лицето Александра Грнчарова воопшто не доаѓала на работа, а плата земала редовно.
Влијанието на струмичкиот бизнисмен Митко Љочев врз Поцков е големо и затоа гевгеличани често знаат да кажат „градоначалникот на Гевгелија Сашо Љочев”.