СКАНДАЛ: Хаусмајсторот на Жерновски со месеци изигрувал инспектор

Неколку месеци хаусмајсторот во општина Центар изигрувал инспектор, пишува Press24.

Иако решението со кое Жерновски го унапредува за 10 скалила го добил на ден пред Нова Година, на 30-ти декември лани, Кочо Стојчевски се потпишувал како инспектор месеци претходно.

Ова се официјални документи до кои дојде Press24 од Државниот управен инспекторат.

koco

koco1

koco2

Тие покажуваат дека инспекторатот вршел контрола во Општина Центар на почетокот на декември минатата година. На него јасно стои дека во својство на Главен инспектор се јавува никој друг туку хаусмајсторот Кочо Стојчевски. Тој ги прима документите и се потпишува.

Ако Стојчевски решението го добил на 30 декември 2014 година, тогаш во времето на контролата на Државниот управен инспекторат никако не можел да биде главен инспектор, односно ништо повеќе од она што бил според решението за вработување, односно домаќин во општината задолжен за одржување на канцелариите, објави порталот.

Но за Стојчевски тоа не било проблем, додека изигрувал инспектор да си создаде и проблеми со законот. Документите покажуваат дека инспекторатот побарал тој да биде казнет поради тоа што чувал документи во фиока, иако согласно законот, бил должен да постапува.