Припадник на специјална единица на хрватската армија е приведен под сомнение дека нелегално препродавал гориво во близина на Сплит, пренесува Пинк.рс, цитирајќи го Дневник.хр.
Подофицер на хрватската војска продавал гориво пред семејната куќа. Во дворот имал импровизиран резервоар од две илјади литри со бројчаник и пиштол за леење, а горивото го налаќал за две и пол куни помалку отколку кај трговците или за 20 отсто помалку од продажната цена. Трансакциите ги договорал по телефон.
Истрагата за случајот ја покренала воената полиција, а потоа е предадена на МВР. Во случајот се вклучи и Државното правобранителство.
Дневник.хр наведува дека истрагата треба да покаже дали тој имал помошник и како го набавил горивото кога го продавал по пониска цена од пазарната.
Полицијата не го коментира случајот, како ни Министерството за одбрана и Генералштабот на хрватските вооружени сили.