Скандал од 60 милиони евра: Власта ги поткупува земјоделците со нивни пари

Цветан Трипуновски заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, денеска го овбини СДСМ дека прави поткуп на земјоделците со нивни пари, кои досега не им ги исплаќаше. Според него, ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци.

„СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои ги следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години.

Алармиравме и посочувавме дека има дупка во платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017,2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше.

Трајан Димковски и СДСМ велеа дека нема неисплатени субвенции, кога земјоделци излегуваа пред камера и кажуваа дека не им се исплатени субвенции ги обвинуваа за лажење, кога посочував дека десетици милиони евра од 2017,2018 и 2019 година не им се исплатени на земјоделците, негираа. Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите  на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите сретства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од предходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без сретства за исплата односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1000 денари.

На 28 декември, влада донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови. На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за да по 14 дена признаат дека лажеле.

Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои земјоделците ги следуваат согласно закон, тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев.

СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра.

Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да ги поткупува со нивни пари, тоа се пари кои ги следуваат и кои ќе си ги земат согласно закон. Дополнително по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април ќе извршиме исплата на сите застанати субвенции, кои оваа власт не ги исплатила“, вели Трипуновски.