Продолжуваат скандалите во владејачката партија. На официјалната фејсбук страница на СДСМ-Арачиново, кандидатите кои аплицирале за работа за професионални војници во АРМ, се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај нејзиното раководство!
-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на нејзината Фејсбук страница.