Скандал: Шилегов одлучил тендер да добие бизнис партнерот на Заеви

Курир дојде до документи кои говорат за работата на сегашниот портпарол на СДСМ Петре Шилегов, а тогаш претседател на вторестепената комисија за јавни набавки на Владата на СДСМ. Како прв човек на оваа комисија Шилегов одлучувал за сите спорни јавни набавки и жалби кои пристигале по основ на тврдење или жалба за повреда на постапката и неправедно спроведување на јавните набавки. Инаку за потсетување тоа е период во кој се провлекуваат во медиумите десетици афери од по неколку милиони евра за спорни јавни набавки за кој на крај пресудувал токму Петре Шилегов.

Како фирма како Макпетрол губи на тендер од фирма 20 пати помала

Петре Шилегов одлучувал по основ на жалба од Макпетрол испратена до второстепената комисија за јавни набавки на Владата на СДСМ, поточно за отворен повик бр 23/2005 за набавка на екстра масло за горење за грејната сезнона 2005/2006 година за потребите на училиштата во општина Струмица. Жалбата на Макпетрол, Шилегов со комисијата со која претседателствува ја одбива како неоснована, а краен победник на тендерот е фирма од Струмица, и тоа токму фирмата Јавор Шпед во сопственост на Горан Крстев бизнис партнер на Заеви, инаку косопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата Сара Јавор Инжињеринг  и еден од осномничените, а потоа и аболициран за аферата Глобал, тешка 8 милиони евра.

slika-komisija

Шилегов го одбива Макепетрол и дава работа на фирмата на бизнис партнерот на Заеви

Шилегов на овој начин влегува во мрежата на Заев. Курир открива дека Јавор Шпед за која Шилегов одлучил да ги снабдува со гориво училиштата во Струмица е фирма во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстев. Горан Крстев како сопственик на фирмата Јавор Шпед со потписот на Петре Шилегов добива огромен милионски бизнис со што го победува реномираниот Макпетрол. Скандалозно е што Горан Крстев не само што добивал работа со помош на Петре Шилегов туку тој редовно си добива работа со помош на Зоран Заев, пишува Курир.

Токму Горан Крстев беше човекот кој го купи по едно евро општинското земјиште од Зоран Заев и подоцна го препродaде по 6 пати повисока цена. Исто така како што медиумите објавија дирекно Зоран Заев преку Општина Струмица и општинските институции на фирмата Јавор Шпед Дооел и доделиле 11 јавни набавки со вкупна вредност од 101.354.456 денари. Од нив, 8 се склучени директно со Општина Струмица со која раководи токму Зоран Заев со вредност од 83.322.641 денари, додека пак останатите 3 се склучени со Јавното претпријатие Комуналец Струмица во вредност од 18.031.815 денари.

slika2-500

slika3-sopstvenici

 

Кадија те тужи кадија те суди

 

Со овој најнов скандал, пишува Курир, се фрла ново светло во работата на Петре Шилегов кој се гледа дека не бил само адвокат туку и главен “кадија” во времето на владата на СДСМ кој одлучувал за сите спорни јавни набавки. Тогаш тој би прикажан како стручен правник, но од денешната негова позиција на портпарол на опозициската партија се гледа дека бил уште една партиска инсталација која  имала за цел да одлучува во полза на бизнис интересите на првенците на СДСМ. Од документите кои се објавени јасно се гледа дека Шилегов овозможил да победи и дал работа на фирма партнер од бизнис империјата на Заеви.