Скандал: Спасовски во интензивна комуникација со осомничените од „Фабрика за афери“

По ова станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ секој ден повикуваше за расчистување на овој случај, а СДСМ молчеше и одбегнуваше директни одговори.

Оваа информација дава драматична димензија на целиот случај и фрла ново светло на оваа мега афера, пишува телевизијата.

Спасовски, како што велат вработени во МВР кои го виделе вечерта, изгледал многу вознемирен кога дознал за истрагата и упадот во фабриката за фалсификати на СДСМ.

Потоа лицата од неговото опкружување го советувале, иако со задоцнување од 48 часа да испрати соопштение, а претходно, поддржувачите на опозицијата очигледно несвесни и без доволно информации, по наредба глумеа лажна еуфорија, сакајќи да претстават дека Спасовски поентирал. Информациите од истрагата говорат за голема вознемиреност кај Спасовски и кај неговите први соработници овие денови.

Досега според извори од истрагата се обработени нешто над 15% од материјалот и од тоа што е отворено досега се дознава дека се работи за огромен скандал, кој ќе завземе многу широки пропорции.

Оттука и не изненадува изјавата на Премиерот во која кажува дека е фрапиран од она што го имал како досегашна информација и во која бара меѓународната заедница одблиску и длабински да го следи овој случај.

Во опозициската партија осен едно штуро соопштение, нема никаков коментар за скандалот.

Молчи и Оливер Спасовски. Веќе 3 дена Сител постојано се обидува да стапи во контакт со него за да даде одговори за информациите за неговата евентуална вмешаност во целиот скандал.